Услови за испорака

 Како се прави нарачката?

Процесот на нарачка е едноставен. Можете да го нарачате спакуваниот производ во неколку едноставни чекори. На нашата страница пополнете ги сите потребни полиња со вашите лични податоци, адреса за испорака и телефонски број за Woolona или добавувачот, поштата ангажирана од нас, да може да ве контактира. Изберете го саканиот производ, изберете боја, големина и количина, потоа кликнете на копчето „Додај во кошничка“ и продолжете со прелистувањето. Кога ќе завршите со прелистувањето, кликнете на корпата во горниот десен агол. Овде можете да го изберете начинот на креирање нарачка, да нарачате без да бидете регистрирани, да се најавите или регистрирате, да изберете начин на плаќање и да внесете белешка.

Како се врши плаќањето на производите?

Плаќањето на производите се врши на фактура, плаќањето е онлајн или на шалтер во банка.

Дали доставата се наплаќа поштарина и за колку дена се врши испорака?

За подрачјето на град Скопје, испораката чини 90 денари за мали пакувања до 3.000 денари, 150 денари за пакети до 6.000 денари. Доставата е бесплатна за нарачки над 6.000 денари. За град Скопје доставата се врши истиот ден. Низ Македонија доставата се врши за 3-7 работни дена, а ценовникот на поштарина е според условите на ангажираната пошта.

Дали може да се вратат нарачаните производи и кој е начинот на враќање на средствата?

Да, можете да ја замените секоја нарачка, или од различни соодветни причини да ни го вратите производот, а ние да ви ги вратиме средствата. За да добиете рефундација за производ платен на фактура, треба да пријавивате на телефонскиот број 077 73 94 05 или да ни испратите е-пошта на woolona.merino@gmail.com каде што ќе ги наведете податоците за вашата трансакциска сметка, откако претходно ќе ни се достави назад производот уреден и неоштетен, ви ги рефундираме средствата на вашата трансакциска сметка. Трошоците за замена на производи се на товар на купувачот, освен кога купувачот добил неисправен или погрешен производ.

Како се враќа производот?

Производот што е нарачан онлајн и е примен од доставната служба, потребно е истиот да го проверите веднаш по приемот и доколку има видливи оштетувања, како искинати делови или нагмечувања, пријавете на е-маил woolona.merino@gmail.com или нашиот телефон 077 73 94 05.

Со цел да се процесира рекламацијата потребно е да ни испратите е-маил со следните информации:

- Број на нарачка

- Моделот на производ, големина што сакате да ја рекламирате

- Опис на проблемот што го имате и слика од оштетениот производ

Пријавувањето, рекламацијата на производ односно нарачка, потребно е да го направите во рок од 24 часа од приемот на пратката. Производот треба да биде спакуван во неговото оригинално пакување со етикета, декларација. Исто така, нарачаниот производ не може да се менува доколку истиот е носен,перен или има јасно механичко оштетување и човечки фактор.

По приемот на барањето за рекламација ве контактираме за враќање на производот.

Откако производот ќе биде вратен, утврдуваме дали производот е оштетен и како, а потоа се испраќа соодветна замена или се рефундираат платените средства. Доколку се утврди дека настанало оштетување на производот по вина на купувачот, рекламацијата се одбива, а производот ќе биде вратен на купувачот на негов трошок.

Целокупната процедура за замена на производ или рефундација може да трае 15 работни дена и повеќе.

Во случај производот кој што сте го добиле да е погрешен или оштетен, трошоците за превземање и враќање на производот ги превзема Woolona.

НАПОМЕНА:

Со потврдување на нарачката, со кликнување на копчето ПОТВРДИ НАРАЧКА, се согласувате со условите на рекламација.