Мерино волната е оддржлив производ
Мерино волната се смета за еден од најодржливите текстилни материјали во светот.
Зошто е мерино волната одржлив производ?
- 100% природна и обновлива: Овците природно ја создаваат секоја година преку пасење трева и пиење вода. Секоја пролет тие мора да се стрижат за нивно добро, што ја прави суровината целосно обновлива.
- Биоразградливост: За разлика од синтетиката (полиестер, најлон) која се распаѓа со векови, мерино волната е органско влакно. Кога ќе се фрли во почва, таа целосно се разградува за помалку од една година, притоа ослободувајќи хранливи материи во земјата.
- Помалку перење – помалку ресурси: Поради природните антибактериски својства, мерино облеката не задржува мирис. Се пере многу поретко од памукот и синтетиката. Ова драстично ја намалува потрошувачката на вода, струја и детергенти во текот на нејзиниот животен век.
-
Без микропластика: При перењето, мерино волната не испушта штетна микропластика , туку само природни биоразградливи влакна.
Сепак, одржливоста зависи и од хуманиот третман на животните. Woolona користи волна Mulesing-free сертификати кои гарантираат дека овците се чуваат етички.
