Историја на мерино активниот веш
Мерино активниот веш (првиот слој облека или base layer) е релативно нов производ и направи револуција во аутдор индустријата со тоа што ја замени боцкавата класична волна, вештачката синтетика со природен материја со исклучитечлно високи перформанси.
Клучни фази во развојот
- Воени корени (Пред 1990-тите): Волната со децении се користела за војнички униформи и зимски веш поради термалните својства, но сè уште била премногу груба и дебела за директен контакт со кожата.
- Синтетичка доминација (1970-ти – 1980-ти): Со подемот на полиестерот и полипропиленот , спортистите масовно преминуваат на синтетички активен веш бидејќи е лесен и брзо суши, но развива непријатна миризба и бактерии.
- Новозеландскиот пресврт (1994 – 1995): Пресвртот се случува кога во Нов Зеланд заради високата технологија и финост на машините се развива првиот лесен, ултра-мек и модерен мерино активен веш наменет специјално за аутдор спортови.
- Глобална револуција (2000-ти): Брендовите како Smartwool и Ortovox го популаризираат мериното меѓу скијачите, планинарите и трчачите. Се воведуваат и „хибридни материјали“ (мешавина од мерино и најлон) за поголема издржливост.
- Денес, мерино активниот веш е златен стандард за секој планинар, скијач, поради природната способност да спречува непријатни миризби, антиалергена и антибактериска, да грее дури и кога материјалот е влажен.
- Woolona e outdoor под-бренд на турската Hasyun, фабрика со огромно искуство зад себе, повеќе од 70 години во производство на волнени производи. Цела деценија го развива специлизираниот outdoor бренд Woolona со 100% мерино производи од австралиска мерино волна. Застапена во многу европски земји, Северна Америка и Русија и силна позиција на пазарот пред се заради квалитетот и атрактивната цена.
